Skip to main content
Скопје

Пожарот кај Вардариште изгаснат, депонијата во Арачиново сè уште активна

16/04/2026  17:33

Во текот на денот и вечерта се регистрирани пожари на две депонии на подрачјето на Скопје, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Според информациите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во периодот од 17:30 до 18:40 часот пожарникари интервенирале на запалена депонија кај Вардариште, на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба. Во акцијата учествувале шест пожарникари со три противпожарни возила, при што пожарот бил изгаснат.

Подоцна во вечерните часови, од 21:00 часот, бил регистриран пожар на депонија во селото Арачиново, во правец кон селото Грушино.

Од РЦУК информираат дека во 21:55 часот стапиле во контакт со Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, при што од дежурните служби било посочено дека пожарот во Арачиново е активен веќе околу десет дена.

Во моментов, како што појаснуваат надлежните, се чека нова пријава за евентуално ширење на пожарот, по што би се пристапило кон повторна интервенција за негово гасење.