Skip to main content
Македонија

ЛДП со поддршка за културните работници: Културата е темел на идентитетот и развој на општеството 

16/04/2026  15:07

Либерално-демократската партија (ЛДП) дава целосна поддршка на културните работници кои денеска излегоа на протест барајќи достоинствени услови за работа и соодветно вреднување на нивниот труд.

Фактот што луѓето кои ја создаваат и чуваат културата се принудени да протестираат е јасен показател за негрижата и потценувањето што со години го трпат од институциите. Наместо системска поддршка, сведоци сме на импровизации, партизација и игнорирање на реалните проблеми.

Културата не е трошок, туку темел на идентитетот и развојот на едно општество. Државата има обврска да обезбеди стабилно финансирање, транспарентност и фер третман за сите културни работници.

Ги повикуваме надлежните институции итно да влезат во дијалог со засегнатите страни и наместо да го одложуваат проблемот, да понудат конкретни решенија.

ЛДП и во иднина ќе продолжи рамо до рамо со сите културни работници, секогаш на страната на културата и достоинството на секој поединец.


Соопштение, Либерално-демократска партија