
Соопштение за јавност на ДУИ:
Во Open Finance е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра од Општина Чаир за Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник од друга општина.
Ниту живее во Чаир.
Ниту е даночен обврзник во Чаир.
Ниту има врска со реалните потреби на граѓаните на Чаир.
Сепак, од буџетот на граѓаните на Чаир редовно се плаќа партиски активист, додека воспитувачките и вработените во градинките во Чаир шест месеци ја немаат добиено исплатата од само 100 евра и си заминуваат една по една од работните места.
Ова е реалноста што ја создаде Изет Меџити.
Пари за партиските кадри има.
За воспитувачките што се грижат за децата во Чаир нема.
Ова е морална, политичка и институционална злоупотреба на општината.
Изет Меџити го загуби секој кредибилитет да зборува за одговорност, развој и грижа за граѓаните.
Бараме итна оставка од Изет Меџити.
Нема да запреме сè додека не замине и додека на Чаир не му се врати институционалното достоинство.
