Skip to main content
Свет

Израелската армија доби наредба да ги убива сите борци на Хезболах во јужен Либан

15/04/2026  20:53

Израелската армија доби наредба да ги убие сите борци на Хезболах во јужен Либан, што се протега од израелско-либанската граница до реката Литани, која тече околу 30 километри на север, се наведува во соопштението објавено денеска, пренесено од француските медиуми.

„Дадов наредба областа во јужен Либан до реката Литани да се претвори во зона каде што секој терорист на Хезболах ќе биде убиен на лице место“, се наведува во соопштението, со кое се цитира наредбата на генерал-потполковник Ејал Замир, началник на Генералштабот на израелската армија, изговорени за време на посетата на израелските трупи стационирани на либанска територија.