
На пет дена до почетокот на Светското првенство во ракомет за ученици ИФС Скопје кое од 20 до 29 април ќе се одржи во нашиот главен град, подготовките привршуваат и организаторите се подготвени да го дочекаат големиот број учесници.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, верува дека нашата држава ќе биде добар домаќин и достојно ќе се презентира пред гостите од целиот свет.
– Ние како држава и како министерство покажавме дека ќе се залагаме вакви настани да има што е можно повеќе во Македонија бидат што е можно повеќе, затоа што ова не е само спорт, туку и размена на култури, меѓутоа и промоција на државата. Другиот аспект е да им овозможиме на сите деца кои се занимаваат со ракомет, ги покажат своите вештини пред поширок аудиториум. Ја добивме оваа организација на Светското првенство по долги преговори. Сигурен сум дека во соработката со Ракометната федерација на Македонија и со Федерацијата за училишен спорт ќе го дочекаме овој настан подготвени и ќе ја претставиме државата на највисоко можно ниво, истакна Ристовски на прес-конференцијата во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.
Престедателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска вели дека настанот е повеќе од спорт.
– Во пресрет сме на долго очекуваното Светското првенство кое ќе се организира во Скопје. На отворањето најавуваме дефиле. Ова е во интерес на град Скопје, размена на култури и вредности, сите ќе си заминат со нови пријателства. Благодарност до престедателот на ИФС Жељко Танасковиќ што ни ја довери оваа организација. Децата треба веруваат дека се на вистински пат во она што работат, дека се амбасадори на спортот, рече Мицковска.
За важноста на училишниот Мундијал зборуваше претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов.
– Ова Светско првенство е голема чест за ракометот и спортот, но и за училишниот спорт и за младите деца. Голем предизвик, 23 селекции треба да допатуваат во Скопје во машка и женска селекција, истакна Стефанов.
На прес-конференцијата зборуваше и шефот на македонската делегација, Индира Кастратовиќ.
– Ова е голема чест, но и голема одговорност за што подобро да јапретставиме нашата држава. Скопје ќе биде град на младоста, град на спортот и се надевам дека сите деца ќе со одат со нови пријателства и стекнати нови искуства. Се надевам дека нема да имаме никакви проблеми и дека с еќе помине во најдобар ред. Посакувам голем успех на македонските репрезентации и се надевам на некој медал, изјави Кастратовиќ.
На првенството ќе учествуваат околу 700 учесници. Свеченото отворање е закажано за 21 април на „Плоштадот Македонија“.


