Skip to main content
Хроника

Две лица загинаа во сообраќајката кај Охрид откако автомобил падна во вода

29/11/2024  12:49

Две лица загинаа откако со возило паднаа во река кај охридското село Ботун, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На местото на настанот извршен е увид, а истрагата треба да утврди што ја предизвикало сообраќајната несреќа.