Skip to main content
Македонија

Тешка сообраќајка во Аеродром: Ауди А5 се заби во дрво 

14/04/2026  11:33

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во скопската населба Аеродром, на булевар „Србија“, каде патничко возило марка „Ауди А5“ излетало од коловозот и се забило во дрво на средишниот дел од булеварот дознава 24инфо.

Според првичните информации, ударот бил силен, а возилото завршило во зеленилото што го дели булеварот. Засега нема официјални информации за евентуални повредени лица или причините за несреќата.

На местото на настанот веднаш пристигнала полиција, која врши увид и ги утврдува околностите под кои дошло до сообраќајката.