Skip to main content
Свет

Иран: Ниедно пристаниште во Заливот нема да биде безбедно

13/04/2026  12:35

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денес предупреди дека „ниту едно пристаниште во Заливот и Оманското Море нема да биде безбедно“ откако САД воведоа блокада на целиот сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа во Ормутскиот теснец, објави Анадолија.

Безбедност на пристаништата „или за сите или за никого“

Безбедноста на пристаништата во Заливот и Оманското Море „е или за сите или за никого“, се вели во соопштението на ИРГК, објавено од државниот радиодифузен сервис ИРИБ.

Иранските вооружени сили „ја сметаат одбраната на законските права на земјата за природна и легитимна должност, и затоа остварувањето на суверенитетот над иранските територијални води е природно право на иранската нација“, се вели во соопштението.

„На бродовите поврзани со непријателот“ ќе им биде забрането да минуваат низ Ормускиот теснец, додека другите бродови ќе можат да минуваат според правилата утврдени од Техеран.

Иран објави трајна контрола врз теснецот

Повикувајќи се на „континуирани непријателски закани“, ИРГК соопшти дека Иран „доследно ќе го спроведува механизмот за постојана контрола на Ормутскиот теснец“ дури и по војната.