
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Венко Филипче и актуелното раководство на СДС, кое тој го постави по негова мерка, треба конечно да се оградат од Зоран Заев и сите нему блиски сомнителни проруски бизнис партнери во матни и криминални зделки.
Такви матни крими партнери Заев има повеќе. Меѓу нив се сомнителни имиња на некои бизнисмени како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски.
Еден од последните случаи за кои Филипче должи одговор е зделката Заев-Дака. Или во 2020 година со амин на владата тогаш предводена од Заев се менува урбанистичкиот план во Тетово со што на контроверзниот бизнисмен Дака му се овозможува заработка во висина од околу 200 милиони евра. Филипче, сега, како чувар на фотелјата на Заев во СДС е должен да одговори, дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра? Дака, инаку, е на црната листа на САД.
Да повториме, бидејќи нели повторувањето е мајка на знаењето, пред се, за да му стане јасно на Филипче.
Приоритет број еден, а и единствен на Филипче, треба да му биде оградувањето од Заев ако сака СДС да застане на свои нозе. А, СДС, токму тој ја втурна во жива кал и сега оди само надолу што се гледа и од резултатите на последните минатогодишни избори на кои паријата едвај е трета во некои општини, а во некои дури и петта.
Филипче, затоа помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави. Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата. И тоа е пред се важно, бидејќи за развој на една држава потребна е здрава опозициска партија, опозициска партија која стои на свои нозе. Само така ќе помогнете во и за државата и за граѓаните.
Филипче, ако продолжиш да се возиш на приказната на Заев, СДС може да се соочи со исчезнување од политичката сцена. Секако, криминалите на другар ти Заев мора да ги истражат надлежните правосудни органи во Македонија.
