Skip to main content
Балкан

Вучиќ му честиташе на Маѓар и му се заблагодари на Орбан

13/04/2026  08:53

Српскиот претседател Александар Вучиќ му честиташе на лидерот на партијата „Тиса“, Петер Маѓар, за победата на парламентарните избори во Унгарија во неделата вечерта и рече дека верува во продолжувањето на добрата соработка меѓу Србија и Унгарија.

„Му честитам на Петар Маѓар за неговата изборна победа. Верувам во продолжувањето на добрата соработка меѓу Унгарија и Србија и сум му благодарен на Виктор Орбан што ги овозможи таквите односи“, напиша Вучиќ на платформата X.

Врз основа на обработени 97,35 проценти од гласовите на парламентарните избори во Унгарија, според прелиминарните резултати од Националната изборна комисија (VTR), опозициската партија Тиса освои 138 од 199 места во парламентот, додека партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан освои 55 места.