
Според пребројани над 50% од гласовите опозициската Тиса на Петер Маѓар би освоила 136 пратенички места, додека Фидес на Орбан би имала двојно помалку, односно 56 пратеника.
Седум пратенички места би ѝ припаднале на десничарската опција Ми Хазанк.
Иако процентот на пребројани гласови е се уште мал, сепак ова ги потврдува претходните проекции дека Тиса ќе освои убедливо мнозинство во унгарскиот парламент кој има 199 пратенички места.
