
На 11.04.2026 во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, лишија од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.04.2026 во 23:30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 24-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 28-годишна сестра и им се заканувал на останатите членови на семејството. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.04.2026 во 23:06 часот во СВР Скопје, 41-годишен маж од Скопје пријави дека околу 17:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава

