Skip to main content
Македонија

ПРОЛЕТНО ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ: Новата седмица ни носи облаци, дожд и грмежи

12/04/2026  10:46

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и токму оваа циклонска активност за време на споменатиот период ќе услови да имаме променливо и нестабилно време во Македонија со пролетни температури на воздухот.

Ќе имаме повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и проследени со појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец. Ветерот од југоисточен правец ќе биде најизразен во Повардарието и во првите два дена од новата седмица, односно во понеделник и во вторник (13/14 април 2026).

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо со повремен локален дожд и со услови за појава на ретки грмежи а повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец особено во понеделник и во вторник (13/14 април 2026).

Што се однесува до температурите на воздухот, тие остануваат пролетни па така наутро тие насекаде ќе бидат позитивни односно над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 22 степени.