Skip to main content
Хроника

Во Нов Дојран пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

10/04/2026  14:28

На 09.04.2026 во Полициското одделение Нов Дојран, Д.А.(78) од Нов Дојран пријавил дека во нива во атар на Нов Дојран пронашол граната.

Службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, при што е утврдено дека се работи за  неексплодирана артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна.