Skip to main content
Свет

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје

10/04/2026  12:06

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе го почитува велигденското примирје, откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи велигденско примирје.

-Украина постојано изјавуваше дека е подготвена за реципрочни чекори. Предложивме прекин на огнот за време на велигденските празници оваа година и ќе дејствуваме соодветно, објави Зеленски на Телеграм.
Тој нагласи дека на луѓето им е потребен Велигден без закани и вистински потег кон мир.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа прогласи велигденско примирје, соопшти прес-службата на Кремљ.

Во соопштението се вели дека со одлука на Врховниот командант на руските вооружени сили, во врска со приближувањето на православниот празник Велигден, е прогласено примирје од 16:00 часот по московско време (15:00 часот по централно европско време) на 11 април до крајот на денот на 12 април. Москва очекува украинската страна да го следи рускиот пример во врска со велигденското примирје. Се наведува дека Путин им наредил и на руските вооружени сили да ги прекинат непријателствата за време на примирјето, но да бидат подготвени да одговорат на непријателот.