Skip to main content
Свет

Патници чекаат и по 7 часа на пасошка контрола низ Европа

09/04/2026  21:27

Новиот Европски систем за патници (EES), кој од полноќ почнува со целосна примена за граѓаните надвор од ЕУ, денеска предизвика хаос на аеродромите и на граничните премини.

На повеќе аеродроми редот за пасошка контрола денеска достигна и до 7 часа, а патниците се жалат на проблеми со биометриските скенери и недостаток на персонал.

„Системот не ме евидентираше кога го напуштив Цирих, па официјално изгледаше како да сум во ЕУ целиот период. Настана тотален хаос кога се обидов повторно да влезам,“ раскажа еден патник на социјалните мрежи.

Слични проблеми пријавија и други патници кои патувале во Франција и Шпанија.На аеродромот во Минхен, според извештаи, патниците губат и до 50% повеќе време во обид да се снајдат со киосците за биометрија. На аеродромите во Мадрид, скенерите за отпечатоци на патници над 65 години честопати не функционираат, што предизвикува застој на редовите.