Skip to main content
Македонија

Николоски: Македонија води достоинствена политика за влез во ЕУ и не се понижуваме, во реализација на Планот за раст сме во врвот 

09/04/2026  21:06

Добро е што ние водиме достоинствена политика, не правиме понижување ниту на себе, ниту на сопствената нација и држава и не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката и ставот за ЕУ ни е јасен, рече вицепремиерот Николоски во емисијата Само Интервју, одговарајќи на прашањата за влезот на Македонија во ЕУ.  

” Тоа што е до нас, го правиме. Еве во Планот за раст сме далеко пред земјите во регионот и тоа може  да се види во новиот извешта што ќе излезе во јуни. Во делот на реформи спроведуваме тоа што се бара, во другиот дел немаме што да правиме  и мислам дека е јасно  Софија не е проблемот, туку Софија е добар изговор за да не се реши проблемот. Чекаме неколку големи главни градови да решат дали сакаат проширување на ЕУ или не. Ако сакаат проблемот со Бугарија ќе се реши за едно пополадне.

Жал ми е што сум во право, велам за жал затоа што предупредувањата што ги давав немаа цел да нешто лошо се случи, туку да предупредам на време што ќе се случи. Работата на политичарите е да носат одлуки врз основа на информациите кои што ги имаат, но исто така и да ја информираат јавноста за она што е реалноста и вистината и да на тој начин се прилагодува и јавноста” – истакна Николоски.