
Го намаливме ДДВ-то најмногу во целиот регион, а потоа интервениравме и со акцизата што позитивно влијаеше имајќи предвид дека целокупната инфлација во март оваа година споредена со март минатата година е само 0,7 %. Има одредени шпекулативни однесувања на пазарот со цените и во вторник на редовната седница на Влада ќе ги гледаме извештаите на Министертвото за економија и на таа основа ќе преземеме мерки, истакна вицепремиерот Александар Николоски во емисијата “Само Интервју” на Тв Канал 5.
“Она што огледаме e одредени шпекулативни однесувања, затоа што никој не може да ме убеди дека наеднаш цените растат од ден за ден. Имавме такви, на пример во битуменот. Тоа е најкарактеристично каде што битуменот порасна скоро за 100% само за еден месец. И затоа го задолживме Министерството за економија заедно со Државниот пазарен инспекторат да направат споредба на цени и квантитативно да ги споредат и во вторник на редовната седница на Влада ќе ги гледаме извештаите и на таа основа ќе преземеме мерки. Може ќе треба да одиме покрај со оваа политика на олеснувања и со рестриктивна политика односно оние кои што ја злоупотребуваат ситуацијата да бидат казнети” – истакна вицепремиерот Николоски.
Тој ги спореди цените на горивата во регионот и додаде дека Македонија има најниски цени на горивата по интервенциите на Владата.
” Во делот на оние цени кои што се поврзани со берзата, како на пример бензинот и нафтата, тука апсолутно презедовме мерки, знаете дека имаме најевтини цени на супер, безоловен и дизел во целиот регион и всушност само тоа што е зголемен конзумот на овие производи за три пати од страна на граѓани кои што доаѓаат надвор од Македонија, на пример во пограничните места со Грција, покажува дека навистина ова што го говориме е така и всушност цените се најниски”-додаде Николоски.
Доколку продолжи кризата, тој најави преземање на дополнтелни мерки.

