Skip to main content
Македонија

Нови правила за донорство: Граѓаните сами кај матичниот ќе одлучуваат за органите по смртта

09/04/2026  18:30

Секој граѓанин ќе може кај својот матичен лекар да даде изјава дали сака да ги донира своите органи по смртта, предвидуваат измените на Законот за трансплантација објавени на платформата ЕНЕР.

Министерот за здравство Азир Алиу истакнува дека целта е личната волја на граѓанинот да биде клучна, а системот да стане потранспарентен и подоверлив.

Националната координаторка за трансплантација, д-р Билјана Кузмановска, посочува дека во пракса често се случува семејствата да одбијат донирање, иако пациентот е соодветен донор и медицинските тимови се подготвени.

Со новите измени, граѓаните ќе можат однапред да се изјаснат, со што ќе се намали притисокот врз семејствата и ќе се избегнат несогласувања. Регистарот на донори ќе биде доверлив, а секој ќе може во секое време да ја промени својата одлука.

Во моментов, околу 200 пациенти во земјава чекаат трансплантација од кадаверичен донор.