Skip to main content
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство и АНБ

09/04/2026  15:09

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Целта на Меморандумот е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и кривичен прогон.

Покрај зајакнување на законски воспоставените механизми за размена на податоци и информации меѓу двете институции, Меморандумот предвидува и размена на знаења и искуства, учество во заеднички проекти, конференции и работилници, како и унапредување на комуникацијата во други области од заеднички интерес.

Со документот е регулирана и примената на стандардите за безбедност и доверливост при размената на информации.