
На 08.04.2026 во 18:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека ул. „Мирче Ацев” во Богданци, трактор „фергусон” со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

