Skip to main content
Македонија

Работна средба Минчев – Скот Хејзлет, акцент ставен на активности за отворена, транспарентна и отчетна власт

08/04/2026  15:49

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со директорот на Националниот Демократски Институт (НДИ) во Република Македонија, Роберт Скот Хејзлет.

На средбата беше искажан заеднички интерес за унапредување на соработката помеѓу Министерството за јавна администрација и НДИ, со акцент на реализација на активности кои ќе го зајакнат партнерството за отворена, транспарентна и отчетна власт. Разговорот се фокусираше на заеднички приоритети кои вклучуваат поддршка на реформите во јавната администрација, подобрување на соработката со граѓанскиот сектор и унапредување на практиките за отчетност и вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки.

Министер Минчев ја потенцираше важноста на интегрираните напори во насока на унапредување на јавните политики и институционалните капацитети, со цел да се обезбеди поефикасно и поинклузивно управување за граѓаните. Во таа насока, тој посебно ја истакна Иницијативата за Партнерство за Отворена Власт (ПОВ), која Министерството ја спроведува како клучен механизам за промоција на транспарентност, отчетност и граѓанско учество.

Двете страни потврдија интерес за продлабочување на дијалогот и имплементација на конкретни активности во наредниот период, со цел да се поттикнат принципите на отворена власт и граѓанско учество во процесите на донесување одлуки.