Skip to main content
Свет

ИДФ ги предупреди Иранците до вечерва да не патуваат со воз

07/04/2026  09:34

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска издадоа „итно предупредување“ до Иранците да не патуваат со воз низ нивната земја до вечерва.

„Драги граѓани, за ваша безбедност, ве молиме воздржете се од патување со воз низ Иран од сега до 21 часот по иранско време. Вашето присуство во возовите и во близина на железничките пруги ги става вашите животи во опасност“, изјави портпаролот на ИДФ, потполковник Камал Пенхаси, според „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац вчера изјави дека на ИДФ им е наредено да „продолжат со полна сила да ја напаѓаат националната инфраструктура на иранскиот терористички режим“.