Skip to main content
Свет

МААЕ: Понатамошните напади на нуклеарката би можеле да имаат сериозни последици

06/04/2026  22:00

Нуклеарката на југот од земјата, опремена со реактор од 1.000 мегавати, е погодена четири пати од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, предупреди дека понатамошните напади би можеле да имаат сериозни последици. „Нападите во близина на оваа област би можеле да предизвикаат сериозна радиолошка несреќа со последици за луѓето и животната средина во Иран и пошироко“, рече тој.

Тој додаде дека еден од нападите погодил област на само 75 метри од периметарот на централата. „Нуклеарните објекти и нивната околина никогаш не смеат да бидат цел на напад“, рече Гроси.