
Серија од четири земјотреси утрово повторно ја вознемири северозападна Грција, во поширокиот регион кај Јанина. Најсилниот потрес беше регистриран рано наутро, а различни сеизмолошки служби го проценија меѓу 4,2 и 4,6 степени. Засега нема информации за поголема материјална штета или повредени, но новата серија потреси повторно ја врати внимателноста во делот од Грција каде тлото е поактивно веќе со недели.
Грчкиот сеизмолог Ефтимиос Лекас изјави дека нема причина за паника и дека станува збор за продолжување на низа потреси што трае од почетокот на март. Според него, станува збор за активност со пониски магнитуди што внимателно се следи од надлежните служби и научните центри.
Иако ваквите серии земјотреси не се невообичаени за Грција, особено за сеизмички активни подрачја, повторувањето на потресите за краток период секогаш внесува нервоза кај населението. Во моментов, сликата е таква што има засилена сеизмичка активност, но без индиции за поголеми последици на терен.


