Skip to main content
Македонија

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

05/04/2026  22:19

Околу две илјади табли со јајца беа буквално разграбани за само еден час во Велес за време на хуманитарна акција која предизвика огромен метеж. Поради безредието меѓу граѓаните кои чекаа во редици, мораше да интервенира и полицијата за да воведе ред и да спречи евентуални повреди, објави СДК.мк

Донација од дијаспората, граѓаните земаа и по повеќе табли

Хуманитарниот настан е донација од велешани кои живеат и работат во Соединетите Американски Држави, поточно преку компанијата за камионски транспорт „Шилер“.

Ова е веќе трета година по ред како компанијата организира бесплатно делење јајца за велигденските празници.

Организаторите истакнаа дека, покрај масовното делење на плоштадот, дел од јајцата претходно биле наменски дистрибуирани до оние на кои им се најпотребни.

„Целта ни е граѓаните да можат да ги почувствуваат радостите на Велигден, објави 4news.mk Дел од донацијата претходно ја поделивме на социјално загрозени семејства“, соопштија од компанијата „Шилер“.

Додека траеше метежот околу јајцата, за најмладите посетители беше организирана и забавна програма со кловн и цртање на велигденски мотиви.