Skip to main content
Спорт

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

05/04/2026  18:58

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски освои златен медал на меѓународниот турнир „Скопје опен Г1“.

Георгиевски до златото дојде со четири фуриозни победи. Прво го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, потоа беше подобар од европскиот шампион Иван Шапина од Хрватска, во полуфиналето го елиминира бронзениот светски медалист Пашко Вожиќ од Хрватска, додека во финалето со доминација го совлада Илиа Рудерман од Израел.

По денешниот успех во СЦ „Борис Трајковски“, Георгиевски освои нови бодови за олимписка норма.

На турнирот учествуваат повеќе од 1.000 натпреварувачи од 41 држава.