Skip to main content
Свет

Шефот на германската дипломатија бара укинување на ветото во ЕУ

04/04/2026  15:17

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул ја повика ЕУ да се откаже од принципот на едногласност во надворешната и безбедносната политика. Тој смета дека блокадите од поединечни земји-членки ја загрозуваат способноста на ЕУ да реагира брзо во кризни ситуации и да делува како силен меѓународен актер.

„Ако сакаме ЕУ да биде навистина делотворен глобален фактор, ако сакаме да стане политички возрасна, тогаш мора да го укинеме принципот на едногласност во надворешната и безбедносната политика пред крајот на овој мандат“, изјави Вадефул за медиумската група Функе.

Јохан Вадефул нагласи дека искуствата од последните недели, особено во врска со помошта за Украина и санкциите против Русија, покажуваат дека сегашниот модел не функционира доволно брзо.

„Поддржувам систем на квалификувано мнозинство во ЕУ. Сите случувања поврзани со Украина и мерките против Русија потврдуваат дека е време за промени“, истакна тој.