Skip to main content
Хроника

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

04/04/2026  14:03

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки во Демиркаписко, не застанале на знак за сопирање,  информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера попладне во периодот од 17 до 18 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино, во присуство на родители, претставник од Центар за социјални работи – Неготино и адвокат за малолетници, извршиле службен разговор со двајца малолетници од село Корешница, демиркаписко. Претходно во Демир Капија, на место викано „Обиколница кај грчки мост“, малолетниците со мотоцикли „миглиори“ без регистарски ознаки, во два одвоени случаи, не застанале на даден знак за сопирање, појаснија од СВР – Велес.

Оттаму соопштија дека по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека малолетниците ги управувале мотоциклите без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, мотоциклите биле одземени и по целосно документирање на случаите,  ќе биле поднесени соодветни поднесоци.