Skip to main content
Спорт

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

04/04/2026  13:08

Ракометарите на Охрид денес ќе го одиграат реваншот од четвртфиналето на Европскиот Куп со Олимпијакос.

Во Атина пред една недела, охриѓани победија со 31:26 и се во одлична позиција за пласман во полуфиналето во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување.

Билетите за салата „Билјанини извори“ се распродадени па сигурно е дека македонскиот претставник ќе има голема поддршка од трибините.

Раководствата на двата клуба во координација со Европската ракометна федерација се договорија да нема гостински навивачи, па така во Охрид ќе нема организирана група од Грција.

Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот.