
Седумнаесет лица се повредени во голем пожар што избувна рано утрово во седумкатна зграда во населбата Нојкелн во Берлин, соопшти противпожарната служба, објави Шпигел.
Пожарот избувнал на приземјето од зградата, а станот каде што избувнал веќе бил целосно зафатен од пламен кога пристигнале службите за итни случаи. Вкупно 27 лица биле спасени.
Шеснаесет лица биле полесно повредени и им била пружена медицинска помош на местото на настанот, додека едно лице било пренесено во болница со сериозни повреди.
Пожарот е изгаснат, а сите жители на зградата се евакуирани.


