
Вкупно седум американски авиони се уништени за време на конфликтот со Иран, вклучувајќи Ф-15 и А-10, соопштија официјални лица.
Два Ф-15 беа соборени на 2 март во Кувајт, но сите пилоти преживеаја, а тројца се вратија во борбени операции против Иран, објави Си-Ен-Ен.
Шест члена на екипажот беа убиени на 12 март кога танкер КЦ-135 се урна во Ирак за време на инцидент со друг авион како дел од операцијата „Епски бес“.
Вториот авион слета безбедно, велат изворите.
Американски авион Е-3 Сентри беше уништен на 13 март во ирански напад врз воздухопловната база Принц Султан во Саудиска Арабија.
Најмалку десет американски војници беа повредени во инцидентот, но немаше жртви. Танкер КЦ-135 беше оштетен во истиот напад.
Минатиот месец, Ф-35 изврши итно слетување во американска база на Блискиот Исток откако веројатно беше погоден од ирански оган.


