
На прашањето на новинарот дали има надеж во Македонија, гостинката во емисија на 4ТВ, Билјана Ивановска, оцени дека надеж постои, но таа зависи од будењето на свеста кај граѓаните.
„Мислам дека има надеж, затоа што народот се буди, можеби не толку брзо“, истакна Ивановска.
Таа посочи дека серијата трагични настани и скандали во државата мора да се сфатат како сериозен аларм за општеството.
„Овие шамари што ги добиваме, те ‘Дурмо турс’, те ‘Ласкарци’, те ‘модуларна’, те ‘Кочани’, тука само да изброите имате некаде 170 жртви. Тоа не значи повик за будење? И те како значи повик за будење. Самоубиството што го направи мајката, не значи повик за будење? Замислете, 39 полицајци не постапиле како што треба само во еден случај. Тоа е повик за будење“, нагласи Ивановска.
Според неа, ваквите случаи јасно укажуваат на слабостите на системот и потребата од суштински промени.
„Мора граѓанството да се буди“, потенцираше таа, додавајќи дека клучот за промените лежи во колективната свест.
„Власта е огледало на колективната свест. Ако сакаме нешто да смениме, треба да почнеме од себе“, порача Ивановска, нагласувајќи дека колку е повисоко нивото на свесност кај граѓаните, толку помалку ќе се дозволуваат злоупотреби и манипулации од страна на носителите на моќ.
Повеќе на линкот од видеото.


