
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска преку објава на социјалните мрежи порача дека промените во партиските функции не ја менуваат суштината на идејата и поддршката за партијата.
„Секретарите се менуваат, вечна е идејата и љубовта за ВМРО и за Македонија“, напиша Јанкулоска, изразувајќи благодарност и поддршка за актуелниот генерален секретар Драган Ковачки.
Таа му посака успешен мандат на Ковачки, додавајќи дека останува посветеноста кон ВМРО-ДПМНЕ.

