
Земјотрес беше регистриран во Грција со јачина од 4.7 степени според рихтерова скала. Почувствуван е и во јјужните делови на Македонија, особено во Битола.
Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил лоциран на неколку километри од македонско-грчката граница, во близина на регионот на Лерин (Флорина), на длабочина од околу 10 километри.
Телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје го регистрираше потресот. Според првичните информации, земјотресот е почувствуван од граѓаните во:
Битола и околината (со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала – ЕМС-98)
Гевгелија и Валандово (со интензитет од III-IV степени)
Охрид, Струга и Ресен (со интензитет од III степени)

