
Лишени од слобода се 10 возачи во изминатото деноноќие на територија на државата.
Од нив четворица возеле без возачка дозвола, од кои по еден во Берово, Гостивар, Битола и Скопје. По еден возач во гевгелиско и Делчево управувале возило со поголема брзина од дозволената, а еден возач во Неготино возел иако имал активна забрана за управување на патничко возило. Тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол и тоа во Куманово, валандовско и гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


