Skip to main content
Скопје

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај

03/04/2026  10:09

На 05.04.2026 со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта фонтана Лотус.

Од  тие причини Единицата за безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.