Skip to main content
Македонија

Муцунски на виртуелен состанок на министри за надворешни работи од Европа, тема поморскиот коридор во Ормускиот теснец

02/04/2026  20:27

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, на покана на британскиот министер за надворешни работи, Ивет Купер, учествуваше на виртуелен состанок на кој присуствуваа повеќе од 30 министри за надворешни работи од Европа и светот.

Состанокот беше посветен на координација на меѓународните напори за обезбедување на слободата на навигација и повторно отворање на клучниот поморски коридор во Ормускиот теснец, во услови на зголемени безбедносни ризици и нарушувања на глобалните енергетски и трговски текови.