Skip to main content
Хроника

Татко и син во неколку наврати биле измамени од лажен полициски инспектор

02/04/2026  19:20

Во Секторот за внатрешни работи Велес 60-годишен велешанец вчера пријавил дека бил измамен за сума од 12.400 денари од едно лице кое го запознал во декември 2025 година во Велес и кој се претставил како полициски инспектор во Скопје. Истото лице во два наврати го измамило и неговиот син.

Како што информираат попладнево од СВР Велес, според пријавеното, лицето побарало од него на договорено место во Велес да преземе пакет со брендирана облека од друго лице, за кое кажал дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот да даде 200 евра, кои подоцна ќе му ги врати. На договореното место наместо со лицето од Неготино, тој се сретнал со лице од Скопје, кој го довел во заблуда, му го дал пакетот и му ги земал парите.

-Истото лице, во два наврати, го измамило и неговиот син, а од пред извесен период ја прекинало комуникацијата со нив, по што сфатил дека бил измамен, соопшти СВР Велес.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.