Skip to main content
Свет

Околу седум милиони Иранци се подготвени доброволно да се борат против САД

02/04/2026  18:21

Околу седум милиони Иранци се подготвени доброволно да се мобилизираат за да се борат против можна копнена инвазија на САД врз Иран, објави денеска претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф.

„Во моментов, за помалку од една недела, силната национална кампања што ја зафати земјата привлече околу седум милиони Иранци кои веќе се јавија и изјавија дека се подготвени да се вооружат и да застанат во одбрана на нашата нација“, напиша тој на својот профил на Икс.

Американските медиуми пренесуваат дека Калибаф не прецизирал од каде доаѓаат овие информации, но исто така додаваат дека во Иран во моментов има кампања на државните медиуми и СМС-пораки кои ги покануваат Иранците да се пријават како доброволци за мобилизација.

Иранската влада, исто така, ги повика пензионираните војници да се мобилизираат.

Американските медиуми објавија дека милицијата Басиџ, составена целосно од волонтери, во рамките на Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ), почнале да прифаќаат регрути на возраст од само 12 години.

Вашингтон веќе најави дека Калибаф го смета за потенцијален партнер во преговорите со САД.