Skip to main content
Хроника

„Купи ми стан и кола или ќе те убијам“ – пријава од жена во Тетово

02/04/2026  16:37

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 19:10 часот го лишиле од слобода А.Д. (31) од тетовско, по пријава за сериозни закани кон неговата невенчана партнерка.

Според информациите од полицијата, 36-годишна жена од Тетово пријавила дека мажот ѝ се заканувал и барал од неа да му купи стан и автомобил, во спротивно, како што навела, ѝ се заканил дека ќе ја убие.

„Полициските службеници постапиле по пријавата и веднаш презеле мерки, при што лицето било приведено и задржано во полициска станица“, информираат од СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.