
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека, почнувајќи од 04.04.2026 година, стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот.
Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз.
Деталните информации за изменетиот возен ред, вклучително и статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, со примена од 04.04.2026 година, ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на претпријатието: https://skopjebus.mk/mk/.

