Skip to main content
Македонија

Намалена видливост поради магла во Крушево

02/04/2026  09:30

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има во Крушево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.