Skip to main content
Свет

Трамп упати остри пораки до европските земји

31/03/2026  18:31

Американскиот претседател упати остри пораки до европските земји погодени од недостиг на гориво поради блокадата на Ормускиот теснец, сугерирајќи дека можат или да купуваат нафта од САД – или сами да си ја обезбедат.

„Сите тие земји што немаат гориво поради Ормус, како Обединетото Кралство, имам предлог: купувајте од САД – имаме доволно, или соберете храброст и одете до теснецот и земете си сами“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Тој додаде дека „Иран е десеткуван“ и дека најтешкиот дел од конфликтот е веќе завршен, потенцирајќи дека САД повеќе нема да ја имаат истата улога во заштитата на сојузниците.

„Ќе мора да научите да се борите сами. САД нема повеќе да бидат тука како порано“, порача Трамп.