Skip to main content
Македонија

Над 16 илјади корисници не плаќаат за вода во Тетово

31/03/2026  15:58

Снабдувањето со вода за пиење достигнува над 400 литри во секунда во Тетово. Од Јавното комунално претпријатие „Шарри“ велат дека главниот проблем е поврзан со загубите во застарената мрежа, како и со нелегалните приклучоци кои не се фактурираат, објави ТВ21.

Според нив, загубите во мрежата се значителни и директно влијаат врз недостигот на вода во одредени делови. Директорот на претпријатието, Валон Зеќири, истакнува дека во моментов има околу 24 илјади регистрирани потрошувачи кои се фактурираат за вода, во споредба со операторот ЕВН, кој во Тетово има над 40 илјади потрошувачи. Разликата укажува на голем број корисници кои не плаќаат.

„Инкасантите што ги имаме веќе започнаа со регистрација, но кога дојдов јас како директор имаше 21 илјада, сега имаме 24 илјади. Три илјади се нови регистрации и секојдневно сме на терен со нови регистрации. Околу 16 до 18 илјади се клиенти што не плаќаат, и ако се пресмета само таксата од 100 денари, тоа е сума со која би можеле да се покријат платите на сите вработени.“, вели Валон Зеќири.

Од друга страна, граѓаните на Тетово велат дека вода има, но бараат подобро управување и фер наплата за сите.