Skip to main content
Хроника

Во напуштен објект во Аеродром пронајден починат 38-годишен маж

30/03/2026  15:54

На 29.03.2026 во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол.

Од страна на лекар била констатирана смрт.

Имено, тој на 03.03.2026 бил пријавен дека се оддалечил од домот.

Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.