Skip to main content
Хроника

Ужас во Росоман: Син ја закалал својата мајка

30/03/2026  09:56

Син ја убил својата мајка во Росоман, а настанот за МИА го потврдиле од Итната медицинска помош во Кавадарци, чија екипа веднаш излегла на местото на повикот, но можела само да констатира смрт.

„Нашата екипа констатираше фатален убод со нож во пределот на вратот. Од тежината на повредата, жената починала на самото место“, изјави Ратко Грков од Итната помош Кавадарци.

Се очекува МВР и Обвинителството да излезат со дополнителни детали во текот на денот.