Skip to main content
Македонија

Почнува судскиот процес против Стојанче кој ја навел сопругата на самоубиство

30/03/2026  08:17

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште од судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која заедно со нивната ќерка Катја на 2 март изврши самоубиство по пад од балкон од семејниот дом во Карпош.

Јовановски се гони за неколку кривични дела: телесна повреда односно повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство.

Обвинителството информираше дека прибраните докази укажуваат дека Јовановски подолг период се однесувал нечовечки кон Ивана.

Случајот со Ивана и Катја ја вознемири јавноста и уште еднаш го отвори прашањето за капацитетот на институциите за заштита на жените од семејно и родово базирано насилство.