Skip to main content
Македонија

Променливо и посвежо време со дожд од вторник

29/03/2026  18:27

Неделава времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Од УХМР велат дека од вторник под влијание на циклонска активност се очекува нестабилно време.

Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток, кога на одделни места се очекува да наврнат и над 20 литри дожд на метар квадратен. На повисоките планински подрачја врнежите ќе бидат од снег. Во текот на неделата ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието. Утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата и ќе достигнат до -4 степени, додека максималните дневни ќе се искачат до околу 18 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, а дневната ќе достигне до 15 степени.