Skip to main content
Хроника

ОЈО Кочани: Пронајдено тело на маж со прострелна рана- приведени 3 странски и еден македонски државјанин

29/03/2026  18:08

Пронајдено е машко тело со прострелна рана од огнено оружје во близина на Виница, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство во Кочани од каде согласно првичните информации, починатото лице било идентификувано како ловочувар кое било дел од група за комерцијален лов.

Од кочанското обвинителство информираат дека се задржани тројца странски државјани и еден македонски државјани – дел од истата ловна група заради испитување дали биле инволвирани во пукањето.

„Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан“,информираат од кочанското обвинителство.